Фрајбург 1 - 2 Баерн Минхен
This content requires JavaScript and Macromedia Flash Player 7 or higher.
Get Flash
Претплати се
- Од : bavarec
- Прикачено : 9 мес.
- Прегледи : 3,594
- Траење : 03:15
- Коментари : 0
Помалце среќно но сепак доволно Баерн Минхен успеа да стигне до трите бода во деветото коло од...
Повеќе
Помалце среќно но сепак доволно Баерн Минхен успеа да стигне до трите бода во деветото коло од овогодинешната Бундеслига. rnИако Баерн не доминираше комплетно на теренот сепак помалце на среќа успеа да стигне до трите поени на гостувањето кај Фрајбург.Првата зрела шанса ја имаше Бастијан Швајнштајгер во 11 минута кога по асистенција на Филип Лам овој биеше само до голманот Пуплин.Потоа следуваше еден досаден и монотон дел во кој Баенр го имаше поседот на топката но не ствараше посериозно шанси. Сепак во 42 минута по една вратена топка од Клосе за Тони кој го погоди голматно топката се одби до Томас Милер кој едноставно не можеше да промаши. Тоа беше прв гол на Баерн по околу 315 минути суша Со тој резултат играчите заминаа на полувреме. Во вториот дел работите не се променија премногу. Се уште Баерн имаше поголем посед на топката но не доминираше со играта. Водство од 0:2 на Баварците им поклони Ча со еден глуп автогол во 68 минута кога го зафркна голманот Пуплин. По овој Фрајбург - Баернавтогол мотивацијата на Фрајбург падна на 0 и веќе немаше фудбал. По некоја залутана во шеснаесетникот на Фрајбург меѓутоа гостите не реализираа.Како казна за лошата игра на Баерн беше голот на Рајзингер во 92 минута со кој беа поставени конечните 1-2. На овој натпревар за прв пат оваа сезона од првата минута настапи и италијанецот Лука Тони кој имаше голема желба да постигне гол но сепак не успеа во тоа. Тој беше заменет од Гомез во 71 минута. Исто така и Марк Ван Бомел беше во стартниот тим а излезе заедно со Тони. Следно Баерн гостува кај Бордо во третото коло од Лигата на Шампионите на 21 Октомври.
Помалку
Коментари
Додади коментар
Најави се за да коментираш