Тимот на Барен успеа да го победи тимот на Борусија од Менхенглабах, не убедливо но само доволно, за да ги освои трите бода кои им беа крајно потребни.
Иако тимот на Баерн не покажа игра со која би победил некој голем тим, сепак тоа беше доволно за да се победи тимот на Борусија Менхенгладбах.
Баерн прв стигна до водство во 19 минута преку голот на Гомез по асистенција од Томас Милер. Тоа навести убедлива игра и победа без маки за Баерн, но сепак не беше така.
Во 28 минута, Брауерс го изедначи резултатот и повторно почнаа маките за Баерн.
Неубедливата игра и безопасноста во нападот се главниот проблем за Баерн, а изгледа дека и понатаму продолжуваат. Иако Баерн ја имаше контролата на играта, сепак голот на Баили мируваше.
Победата на Баерн му ја донесе младиот одбранбен играч, Холгер Бадштубер од слободен удар. Тој уште еднаш ја оправда довербата на Ван Гал која му ја даде за изведување на слбодните удари.
На овој натпревар, Робен одигра триесетина минути откако во 60 го замени Ивица Олиќ, додека заради повреда теренот го напушти Даниел Ван Бајтен во 71 минута.
http://bayernmkd.co.cc
Помалку
Коментари
Додади коментар
Најави се за да коментираш