Иако Баварците стартуваа несигурно во овој натпревар и први примија гол, сепак на крајот на виделина излезе квалитетот и амбициите на Баерн.
Баерн во овој натпревар требаше да стартува доста мотивирано од победата во предходното коло против Волфзбург, но сепак Баварците излегоа збунети.
Во првите 30 минути домаќините ја имаа контролата на играта, а одбраната на Баерн направи неколку грешки, а поранешниот играч на Баерн, Мет Хамелс ги казни со голот во десеттата минута.
Но се знаеше дека Баварците нема да се откажат толку рано. Во 36 минута, Марио Гомез со глава постигна изедначувачки гол од една сомнителна ситуација.
Бастијан Швајнштајгер од слободен удар ја уфрли топката во шеснаесетникот и Ван Бајтен во дуел со Суботиќ не ја зафати допката по што се одби до Гомез, кој беше во офсајт позиција, но сепак постигна гол. Голот се важи бидејќи според снимките домашниот играч ја удри топката, а не Ван Бајтен.
Со резултатот од 1-1 играчите заминаа на полувреме. За вториот дел Луис Ван Гал направи две измени, ги извади Гомез и Алтинтоп, а ги стави Рибери и Милер.
Тандемот Рибери и Робен повторно проработи и по само 5 минути игра во вториот дел се створи добра акција по што Швајнштајгер погоди од линијата за 16 метри со одличен удар.
Бастијан ШвајнштајгерПо овој погодок со кој Баерн го превзеде водството играта малце се смири, а гостите беа желни за изедначување. Но, во 65 минута беше досуден прекршок над Милер надворд од шеснаесетникот.
Од тој слободен удар, Франк Рибери го погоди спротивниот агол на голот со што ја зголеми предноста на Баерн, по што истрча во прегратките на Ван Гал.
Прашањето околу победникот беше јасно и покрај неколкуте закани на Дортмунд. Но со несвесното отварање од страна на домаќините се повеќе се отвараа шанси за контра напади од страна на Баерн.
При еден таков напад по неколку пати одбиената топка во шеснаесетникот на Вајденфелер, Милер успеа да погоди за 1:4 во 78 со што беше ставен крај на натпреварот.
Но не и крај на головите на Баерн. Истиот тој Милер десет минути подоцна по уште една одбиена топка, овој пат надвор од шеснаесетникот го погоди можеби досега најубавиот гол во Бундеслигата. Бомбастичен удар во горниот лев агол на голот.
Со оваа победа Баерн сега има 8 поени и се наоѓа на четвртата позиција, која може да биде загрозена од Вердер и Шалке кои играат утре.
Помалку
Коментари
Додади коментар
Најави се за да коментираш